Синот на Метју Меконахи, Леви Меконахи, се појави сам на црвениот килим, а привлече внимание со необичната сличност со својот славен татко.
17-годишникот бил еден од многуте истакнати гости на вечерата на „V Magazine x Clarins Power Players“ во Остин, пренесе „Hello! Magazine“.
За оваа пригода Леви избрал лежерен, но кул изглед, комбинирајќи темна шарена кошула со кафеави панталони. Го заокружил стилот со црни кожени чевли и едноставен сребрен ѓердан. Неговите разбушавени кадрици и опуштена положба на тело јасно покажаа дека „ѕвездениот квалитет“ е наследен во семејството.
Ова е едно од најзначајните соло појавувања на Леви досега, со оглед на тоа што неговите родители, Метју и Камила Алвес, претходно зборувале за тоа како ги воспитуваат своите деца претежно подалеку од очите на јавноста.
Неговото појавување доаѓа кратко откако Метју зборувал за актерското деби на неговиот син во филмот „The Lost Bus“.
Гордиот татко Метју (55) откри како неговиот 17-годишен син сам ја добил улогата преку аудиција. Во разговор со Вили Гајст за „Сандеј тудеј“, тој се осврнал и на етикетата за „непотизам“ која го следи Леви во индустријата и како тој и неговата сопруга Камила Алвес (42) отворено зборуваат за тоа. Двојката има и ќерка, Вида (15) и син, Ливингстон (12).
Метју објасни дека неговиот син природно „гравитирал“ кон глумата и дека родителите не ја донеле одлуката наместо него. Тие му дозволиле самостојно да носи одлуки, особено откако на 15-годишна возраст направил јавен профил на социјалните мрежи.
„Не го притискам на никаков начин“, продолжил Метју. „Но, тој добро започна и влезе на вратата. Што се однесува до непотизмот, Камила и јас секогаш велиме: „Никогаш не чувствувај се привилегирано“. Кога читаше за оваа улога, ја испратив до директорката за кастинг. Таа рече: „Мислам дека е доволно добро да се испрати до режисерот“. А јас му реков: „Отстрани го презимето“. Откако презимето „Меконахи“ било отстрането, Леви ја добил улога.