Австралиската крајно десничарска сенаторка Полин Хансон носеше бурка во парламентот како политички реквизит во нејзиниот обид да ја забрани муслиманската облека на јавни места, предизвикувајќи обвинувања за расизам од муслиманските сенатори.
Хансон ја облече бурката кратко откако ѝ беше одбиено да предложи закон за забрана на бурки и други маски за лице на јавни места во Австралија.
Breaking: The Senate has been suspended after One Nation Senator Pauline Hanson entered the chamber wearing a burqa and refused to remove it despite objections from multiple senators and the President of the Senate.
— Rukshan Fernando (@therealrukshan) November 24, 2025
Pauline Hanson remained defiant, refusing to comply with the… pic.twitter.com/sQvOsCCVaE
Нејзиниот влез во Сенатот предизвика ерупција на бес, а постапката беше прекината кога Хансон одби да ја соблече. Муслиманските пратеници ја обвинија за „навреда на религијата“.
„Ова е расистичка сенаторка која покажува очигледен расизам“, рече Мехрин Фаруки, муслиманска сенаторка од Зелените од Нов Јужен Велс.
Муслиманката Фатима Пејман, независна сенаторка од државата Западна Австралија, го нарече потегот „срамен“.
И Пени Вонг, лидерката на австралиската централнолевичарска лабуристичка влада во Сенатот, како и Ен Растон, заменик-лидерка на Сенатот за опозициската коалиција, ги осудија постапките на десничарската сенаторка.
Вонг ги нарече „недостојни за член на австралискиот Сенат“ и поднесе барање за суспензија на Хансон. Откако Хансон одби да си замине, дебатите во Сенатот беа прекинати.
Хансон, сенаторка од Квинсленд, првпат се истакна во 1990-тите поради нејзиното силно противење на азиската имиграција и барателите на азил, и долго време водеше кампања против исламската облека за време на нејзината парламентарна кариера.
Во изјава објавена подоцна на Фејсбук, таа рече: „Значи, освен ако парламентот не ја забрани, ќе ја носам оваа угнетувачка, радикална, нерелигиозна капа што ја загрозува нашата национална безбедност и ја деградира жената во нашиот парламент, за секој Австралијанец да знае што е во прашање“.











