Механичар открива што никогаш не смеете да кажете кога го носите автомобилот на сервис затоа што ќе платите поскапо

Супермен

01/12/2025

15:20

584

Големина на фонт

а а а

Одењето на автомеханичар за многу од возачите претставува стрес. Неизвесноста околу дефектот, цената, временските поправки и стравот дека сето тоа ќе биде преплатено често создава притисок уште пред да го оставите автомобилот.

Она што поголем дел од луѓето не го знаат е тоа што една погрешна реченица може автоматски да ја зголеми сметката.

Искусен механичар од Велика Британија предупредува дека возачите често ја прават истата грешка штом влезат на сервис. Со желба веднаш да ги постават границите за трошоци, несвесно себеси си нанесуваат финансиска штета.

Најголемиот проблем настанува во моментот кога клиентот сам открива колку е подготвен да плати. Тогаш сервисот повеќе не бара најповолно решение, туку несвесно се движи кон горната граница која вие сте му ја поставиле.


Реченица која автоматски ве води кон поголема сметка

Според советите на механичарите, никогаш не треба да кажувате колку пари сте подготвени да трошите за поправка на автомобилот.

Речениците како „имам буџет до овој износ“ или „не би требало да ја надмине таа бројка“ често делуваат разумно, но во пракса можат да направат повеќе штета.

Во моментот кога механичарот добива психолошка граница до каде може да оди со цената, наместо да бара најповолни делови или најбрзо решение, лесно може да се случи да бидат формирани блиски износи до оној којшто луѓето го означиле како максимум.

Затоа советот е јасен. Не откривајте колкав ви е буџетот. Почекајте сервисот прво да ја изложи дијагнозата на дефектот, да објасни што точно треба да се прави и конечна цена. Дури тогаш имате реална основа да процените дали понудата ви одговара или не.


Работи кои може сами да ги направите и да заштедите

Уште една честа грешка на возачите е закажувањето сервис за ситници кои можат лесно да се направат и дома.

Замена на бришачи, додавање масло или течност за ладење се работи кои не бараат посебно знаење за да ги направите дома.

Сервисите секако дека нема да ве одбијат, за нив тоа е лесна, брза и сигурна работа која им носи заработка без ризик. За вас тоа е само трошење пари.

Доколку научите да разликувате сериозен проблем од ситно одржување, долгорочно може да заштедите сериозни пари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk