Планетата денес го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА. Приказната за легендарниот кошаркар охрабрува многумина, бидејќи со децении лавовски се бори со ХИВ, а неговата сопруга е најсилната поддршка.
Пред 33 години, Меџик Џонсон беше троен МВП (најкорисен играч) во НБА лигата. Го очекуваше 13-та клупска сезона, а еден преглед променил сè. Имаше тогаш 32 години, а Џери Бас, челникот на Лејкерс, сакал да го продолжи договорот со Меџик и да му ја зголеми платата за три милиони долари.
Пред потпишувањето на договорот, Меџик отишол на рутинска контрола. Во хотел во Јута дознал дека е ХИВ позитивен. Од шок лежел 12 часа на подот, а потоа се упатил дома каде го чекала Куки, бремена со нивното прво дете.

Меџик и Куки Џонсон се венчаа само два месеца пред големиот пресврт. Таа му рекла: „Ќе го победиме ова заедно“.
„Најлошо беше што знаев дека ќе ја повредам. Таа ме чекала, била толку трпелива со мене, ме поддржувала“, раскажа Меџик пред неколку години во емисијата на Опра Винфри.
Се плашел за здравјето на својата сопруга и нивното бебе.

„Седнав покрај неа и ѝ реков дека имам ХИВ. Тоа ѝ го скрши срцето. Почна да плаче. Не знаеше што тоа значи за неа. Често им велам на луѓето дека со глупости и грешки не се повредуваш само себеси, туку и оние кои те сакаат. И мене тоа ме повреди најмногу“.
Но, бил искрен. Ѝ рекол на Куки дека ќе ја разбере ако одлучи да се разведе од него.
„Не сакам да ти го уништам животот…“, ѝ зборував. Сепак, таа ме удри по глава и ми рече: „Ќе го победиме ова заедно. Ајде да се помолиме“. И тоа го направивме“, додал тој.
Куки ја раскажа својата страна од приказната во 2013 година во книгата „Верувајќи во Меџик“.

„Во еден момент нашиот свет, совршената заедница за која се боревме, исчезна. Тој дојде кон мене, ме зема за рака, седна и ми соопшти лоши вести. Тогаш не можев да дишам“, напишала Куки.
Не криејќи го стравот од резултатите од контролата, тестовите покажале дека таа и бебето не се ХИВ позитивни. Меџик во разговор со Опра истакнал дека други резултати би го уништиле целосно.
По сознанието дека боледува од ХИВ, легендарниот кошаркар ги контактирал сите жени со кои имал сексуални односи. Иако во тоа време болеста била како смртна пресуда, проследена со бројни предрасуди, Меџик се појавил пред новинарите и им ја кажал вистината.
Неговото лекување било внимателно следено. За среќа, до денес лекувањето на ХИВ многу напреднало. Кошаркарот во почетокот примал „експериментални коктели“, а се пишуваше и дека користел терапија за „менување крв“.

Открил дека најтешко било во првите пет години по дијагнозата. Порача дека во одредени моменти помислувал дека нема да успее, но Меџик научил да живее со ХИВ.
Меџик Џонсон е татко на три деца. Со Куки има син Еј Џеј и ќерка Елиза. Наследникот Еј Џеј Џонсон е медиумска ѕвезда. Публиката го запозна во реалити шоуто „Богатите деца од Беверли Хилс“, каде отворено зборуваше за својата хомосексуална ориентација. Познат е и по неверојатната трансформација при која ослабе 90 килограми. И додека се бори со бројни критики, мајка му Куки го поддржува јавно.
Кошаркарот има и син Андреа Џонсон, кој го доби во врската со Мелиса Мичел.