„За екипата со слабо срце – внимание“: Заводливите фотографии на Северина во машки тоалет направија хаос на социјалните мрежи

Супермен

10/12/2025

13:00

1.262

Големина на фонт

а а а

Северина повторно привлекла внимание на социјалните мрежи, овојпат со низа провокативни фотографии направени на неочекувана локација – во машки тоалет.

Пејачката на својот Инстаграм профил споделила кадри кои предизвикале лавина реакции, а во описот Северина кратко напишала: „Не е виновен тоалетот“.

На фотографиите таа носи проѕирен фустан украсен со ланци, високи потпетици и впечатлива шминка.


„За екипата со слабо срце – внимание“

Реакциите на нејзините следбеници не престануваат:

„Преубава Северина во секси издание“, „Дефинитивно божица на регионот“, „Опасно добра“, „Кралица на стилот и мајка херој“, „Лудило од жена“, „За екипата со послабо срце – внимание“, „Таа е икс-фактор“...


Неа не ѝ е ладно

Неодамна исто така таа ги воодушевила следбениците со фотографии од Загреб. Носела сив топ со отворени раменици, сако во иста боја и материјали и впечатливо здолниште.

„Моќта на манифестацијата: Топло е, топло, +30 степени Целзиусови, не ми е зима, топло е, топло е“, напишала Северина во описот на фотографијата во модната комбинација која баш и не го одразува зимското доба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk