Според зборовите на експертите, честата консумација на вакви „ужини“ може да предизвика воспаленија, да го наруши метаболизмот и да ги оптовари крвните садови.
Според мислењето на кардиологот д-р Џек Волфсон, грицките што се произведуваат во фабрики не се вистинска храна, полни се со преработени масла, рафиниран скроб, вештачки ароми и речиси воопшто немаат нутритивна вредност.
Тој предупредил дека чипсот претставува особено штетен избор: заситените и оксидирани масти од рафинираните масла го зголемуваат нивото на лошиот холестерол, рафинираниот скроб брзо го покачува шеќерот во крвта, а прекумерниот внес на сол и адитиви го зголемува крвниот притисок и доведува до задржување течности; сето тоа ги оптоварува крвните садови и може да доведе до хронични кардиоваскуларни проблеми, пренесе „Parade“.

Студиите и експертите укажуваат дека редовната консумација на ултрапреработени грицки може да го зголеми ризикот од хипертензија, висок холестерол, дебелина и воспаленија, фактори што се клучни за здравјето на срцето.
Затоа кардиолозите советуваат, доколку навистина сакате да грицкате, бирајте поздрави алтернативи: јаткасти плодови, семки, свеж зеленчук, интегрални грицки со малку сол или целосно природни закуски.
„Ако редовно консумирате чипс и слично, ризикувате да наталожите штетни масти, адитиви и сол кои го оптоваруваат срцето“, истакнал д-р Волфсон.

Затоа е подобро понекогаш да не посегнете по кесичката, туку предност да им дадете на намирници кои даваат енергија, а не здравствени проблеми. Често малите промени, како премин од чипс на ореви, други јаткасти плодови или овошје, можат значително да го подобрат здравјето на срцето.