[ФОТО] О, мој Боже: Толку едноставна, а сепак секси – затоа сите ја обожуваат

Супермен

10/12/2025

19:31

1.199

Големина на фонт

а а а

Чиста елеганција и минимализам секогаш се во мода, а моментално најпопуларната пејачка Тејлор Свифт знае како вистински да ги комбинира…

Тејлор Свифт неодамна била фотографирана за време на вечерно излегување во Њујорк, и тоа во луксузниот ресторан „Chez Margaux“. Според пишувањата на странските медиуми, не била сама – друштво ѝ правела нејзината пријателка и музичарка Есте Хајм.

За оваа посебна прилика, Тејлор одлучила да направи спој на елеганција и минимализам, надополнет со безвременски модни парчиња.

Имено, таа носела црна ролка која ја искомбинирала со предимензиониран капут на „Луј Витон“. Нема да се изостави ниту мини здолништето, кое едвај се гледало под капутот, како и кожените чизми што му дале доза сексапил на целиот изглед.


На стајлингот додала едвај забележливи златни аксесоари. Брановидната фризура со шишки, како и впечатливиот црвен кармин, биле забележлив дел од нејзиниот изглед — а и како не би биле, кога токму тие две работи се нејзин заштитен знак.

Повеќе од обично дружење


Ова излегување е само последно во низата вечерни дружби на славната пејачка со нејзините пријателки. Пред некое време била видена во друштво на Сабрина Карпентер, а вечер поминала и со Џиџи Хадид во ексклузивниот њујоршки клуб „Zero Bond“.

Честите излегувања ги поттикнаа гласините меѓу обожавателите на Тејлор – дека пејачката полека ги собира своите деверуши за големата свадба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk