[ФОТО] Поранешната финалистка на Вимблдон го „запали“ Инстаграм со фотографиите во бикини

Супермен

10/12/2025

20:15

1.942

Големина на фонт

а а а

Поранешната финалистка на Вимблдон, Ежени Бушар (31), покажа дека ужива во животот по завршувањето на нејзината професионална тениска кариера.

Канаѓанката официјално ја заврши својата кариера во јули, емотивно простувајќи се од теренот по нејзиниот последен натпревар.


После тоа, Бушар решила да се посвети на себе и да ужива во слободното време. Нејзината последна објава на Инстаграм предизвика воодушевување кај обожавателите, бидејќи поранешната тениска ѕвезда уживала на сонцето во минијатурно бикини со леопардски принт додека се релаксирала на луксузен брод во Мајами.


Со широка насмевка на лицето, Бушар позирала со своите пријатели, објавувајќи краток коментар под фотографиите: „Секогаш добра идеја“.

Таа моментално има повеќе од 2,3 милиони следбеници на Инстаграм кои го следат секој нејзин чекор и уживаат во нејзините објави надвор од тениските терени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk