Пиво во рака, качкет и танга. Хајди Клум во топлес издание не е никаква новост, а и овојпат одлучила да го носи само долниот дел од костимот за капење додека уживала на плажа со сопругот Том Каулиц.
Таа и нејзиниот помлад избраник решиле за празниците да избегаат на островот Свети Бартоломеј на Малите Антили. Фотографите ја уловиле насмеаната манекенка во прегратките на сопругот, додека носела само кафеав долен дел од костимот за капење, како и бел качкет и големи очила за сонце, додека нејзиниот сопруг носел розови шорцови за капење и сив качкет.




Хајди уште еднаш ги покажала своите стомачни мускули и извајано тело, а годишниот одмор го надополнила и со шише пиво во рака, кое радосно го пиела во морето.



Исто така манекенката ги насмеала обожавателите и кога објавила фотографија на која се покрила со пешкир на кој било отпечатено лицето на нејзиниот сопруг. „Том, денес имам една фотографија за тебе“, напишала таа во објавата на Инстаграм.
Знаеме дека 52-годишната манекенка никогаш не била срамежлива кога станува збор за прикажување на нејзиното тело. И минатиот месец на својот Инстаграм профил споделила видео на кое не го носела горниот дел од костимот за капење додека се сончала покрај базен.