„Венгеровото правило“ е поблиску од кога било: Инфантино потврди дека се подготвува револуција во фудбалот

Супермен

30/12/2025

15:45

605

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Светскиот спортски самит кој деновиве се одржуваше во Дубаи, најави можна револуционерна промена на правилото за офсајд која ја претстави поранешниот славен тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

„Разгледуваме промена на правилото за офсајд, кое еволуираше низ годините и во моментов бара напаѓачот да биде зад дефанзивецот. Можно е во иднина напаѓачот да мора да биде целосно пред него за да се смета дека е во офсајд. Продолжуваме да ги анализираме правилата и да се прашуваме како можеме играта да ја направиме поофанзивна и попривлечна“, изјави Инфантино.

Венгер ја претстави оваа промена на правилото за офсајд пред две години, а ИФАБ (Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации) е телото кое мора да го одобри секое фудбалско правило пред негово официјално усвојување.

„Венгеровото правило“ настана како предлог за подобрување на правилото за офсајд, кое често е извор на контроверзии кога разликата меѓу дефанзивецот и напаѓачот е толку мала што речиси не е видлива со голо око.


Според неговиот предлог, офсајд повеќе не би се досудувал доколку само еден дел од телото на напаѓачот е пред противникот, туку само ако целото тело на напаѓачот е пред дефанзивецот.

ИФАБ ќе го анализира „Венгеровото правило“ на состанокот што ќе се одржи на 20-ти јануари во Лондон, а на главното собрание во Велс во февруари ќе се расправа за предлогот, со намера тој да почне да се применува веќе од следната сезона.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk