[ВИДЕО/ФОТО] „Жешка“ и во лето и во зима: Заносната русокоса се соблече на снегот и покажа со што располага

Супермен

31/12/2025

09:39

852

Големина на фонт

а а а

Славните убавици ги покажуваат своите заносни фигури од ден во ден, а се чини сега многу почесто отколку што имавме прилика во летниот период да уживаме во таквите глетки.

Заносната убавица Моли Смит ја покажа својата неверојатна фигура позирајќи во црвено бикини и кратки карирани шорцеви. На нејзините извајани стомачни мускули сигурно ѝ завидуваат многу девојки, па затоа Моли не се двоуми да го покаже она што го има.


Додека позирала на влезот, со хит песната на Сабрина Карпентер „Is It New Year’s Yet“, Моли ги привлекувала сите погледи нагласувајќи го својот изглед во провокативна комбинација.

„Изгубив поим за деновите“, напиша кратко под објавата во која покажа и како ја реновирала кујната заедно со нејзиниот избраник Том Клер.

Моли и Том се запознале за време на првата сезона од изданието „All Stars“ во јануари 2024 година, а куќата ја купиле само шест месеци откако почнале да се забавуваат.


Прекрасната куќа во старински стил, сместена во Барнсли, има голема градина, три спални соби и три бањи.

Оваа објава доаѓа кратко по уште една попровокативна, во која Моли позира во бикини на снегот и со додатоци што потсетуваат на секси Баба Мразица.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk