Манекенката Хејли Бибер е главното лице на новата кампања на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret) за Денот на вљубените (Valentine’s Day), каде се појавува во неколку различни модни комбинации, пренесува „Пипл“.
На фотографиите, Хејли и основачката на брендот Родеа се појавуваат во серија разиграни и заводливи снимки кои ја пренесуваат енергијата на Викторијас сикрет, прикажувајќи мешавина од секси и елегантни стилови.
Во дел од фотографиите, Бибер носи огненоцрвен долен веш, потоа црн чипкан комплет со црвени детали, а во друга сцена е облечена во нежна розова комбинација.
New : Hailey Bieber for Victoria’s Secret Valentine’s Day 2026 pic.twitter.com/R0BYeBj0Ht
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) January 7, 2026
Особено внимание привлече нејзиното рекреирање на фотографија од Жизел Бундшен од 2001 година, кога супермоделот позираше за истиот бренд седејќи во фиока на комода и лакирајќи нокти. Хејли исто така се појавува лежејќи на креветот и на подот во предизвикувачки пози, а во уште еден сет носи розев боди комбинирано со фармерки.
Во истата кампања учествуваат и Изабели Фонтана, Мати Фол Диба и Алексис Карингтон.
Хејли стана дел од Викторијас сикрет (Victoria’s Secret VS Collective) во 2021 година, што е нов пристап на брендот, каде наместо класичните „ангели“, познати личности, модели и инфлуенсерки промовираат и дизајнираат колекции.
Од тогаш, Хејли учествуваше во повеќе кампањи и промотивни фотосесии за Викторијас сикрет, но сè уште не настапила на официјалната модна ревија на брендот.