Дошла да го поддржи момчето во „шок издание“: Едните ги згрозила другите ги фасцинирала

Супермен

30/01/2026

14:36

1.386

Големина на фонт

а а а

Чехинката Нела Словакова, ТВ ѕвезда, во една прилика се појавила како поддршка на своето момче, ММА борецот Радек Рушал, меѓутоа целото внимание го украла нејзината модна комбинација, која многумина ја сметале за невкусна.

Згодната русокоса, која редовно присуствува на борбите на својата посилна половина и упорно избира провокативни изданија за навивање, па така и кон крајот на минатата година се појавила во зелен асиметричен комбинезон што целосно го открил едниот дел од нејзиното телото, а другиот го покривал. Едниот ракав го има, другиот го нема; едната ногавица ја има, другата ја нема…


Особено, како што сметаат многумина, било невкусно тоа што комбинезонот целосно го открил едниот дел од нејзиниот задник (и целата нога), а навистина не е тешко да се забележи дека нејзината фигура е затегната и обликувана до совршенство.


Познатата русокоса носела и високи потпетици со платформа, едноставен накит и златен синџир околу половината, а додека позирала покрај момчето, зрачела со самодоверба.



И додека едни коментираа дека претерала и дека со модната комбинација покажала непочитување кон момчето, кон себе и кон другите луѓе, други ѝ се восхитуваа на фигурата, наведувајќи дека има „нереално тело“ и целосно право да облекува што сака – она во што се чувствува пријатно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk