Се чини дека линијата на долна облека на Сидни Свини за кратко време доживеала успех.
Парчињата веднаш се распродале, а актерката сега најави нова колекција на својот бренд.
Потсетуваме, Свини пред неколку дена ја лансирала својата колекција долна облека под името „Syrn“. Овој моден потфат доживеал успех, бидејќи парчињата долна облека за релативно кратко време исчезнале од полиците.

За да им обезбеди на своите обожаватели нови парчиња, Свини соопштила дека пристигнува нова колекција, и тоа на симболичен ден – Денот на вљубените. Информацијата ја споделила на Инстаграм и тоа преку видео-снимка, односно промотивен видео-материјал.
Како што може да се види, позирала во бел комплет од тантела составен од градник, гаќички и наметка. Ова издание ја истакнало нејзината завидна фигура и бујните гради, а рекламата била снимена во ретро-манир.
Во согласност со таа естетика, актерката се одлучила за густи локни кои многу потсетуваат на стариот холивудски гламур, поточно на стајлингот на славната дива Мерилин Монро.
Обожавателите на славната актерка биле воодушевени, па во коментарите ѝ упатиле бројни пофалби за нејзиниот изглед.
„Ова е преслатко“, „Презгодна си“, „Вау, би сакал да бидам нејзиниот градинар“ се само дел од нив…