Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз прави сè што може за да го унапреди своето тело и својата игра, па не е изненадување што ја коригирал и својата исхрана.
Имено, тој по примерот на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја усвоил безглутенската исхрана.
Секој што го следи тенисот знае дека тоа прв јавно го направи Новак Ѓоковиќ, на совет од нутриционистот, докторот Игор Ќетојевиќ. Сега истиот „рецепт“ го примени и Шпанецот, уште еднаш покажувајќи на тој начин дека учи од Новак и дека го гледа како свој идол.

„Го исфрлив глутенот од исхраната затоа што се чувствувам подобро. Сакав да тестирам дали тоа е добро или лошо за мене и испадна дека глутенот никако не се „согласуваше“ со мене, иако тоа на почетокот не го чувствував тоа. На крајот на краиштата, не стануваше збор за интолеранција. Работата беше во тоа што сакав да се унапредам за тие дополнителни еден-два проценти и да се чувствувам подобро физички. За да го постигнам тоа, требаше да прекинам со тоа“, изјави Шпанецот во еден интервју.
Карлос ја направил промената по препорака на својот физиотерапевт Хуанхо Морено и се придржува до неа дури и при најголемите предизвици, кога е во посета на Рим или Париз за тениски турнири и кога го водат на „гурмански тури“ низ градот.
„Карлос ни на момент не ги занемарува своите навики, кои го доведоа до врвот на 21 година“.

Секако, Алкараз си дозволува одмор од строгата исхрана кога е опкружен со најблиските и кога сезоната не е во тек.
„Вчера славев со семејството, со луѓето кои дојдоа од Мурсија, со моите пријатели. Излеговме и секако дека правев сè што не правам за време на турнирите и јадев она што обично не го јадам. Обично внимавам на глутенот, но тогаш си олеснувам и си дозволувам малку и прекршување на правилата. И ако тогаш мораме да испиеме шампањ и да прославиме, го користиме тој момент. Потоа порано се враќам дома и тоа е тоа“, изјави Шпанецот во една прилика.
Она што Новак го откри на 23 години, во 2010 година, Карлос Алкараз го почна уште во порана фаза на кариерата. Го сведе на минимум или целосно го исфрли внесот на шеќери и се фокусираше на зеленчук, бело месо, риба, овошје, ореви, мешунки и здрави масла. Новак Ѓоковиќ веќе деценија и пол се придржува до тоа и му помогна да стане најголем на сите времиња.

Рафаел Надал, вториот најголем тениски шампион во историјата, во одреден период не ја поддржуваше идејата дека сите тенисери треба да се хранат на истиот начин. Тој јавно рече дека нема намера да престане да се храни како и обично.
„Безглутенската исхрана не е тајна и не е единствениот начин за добри тенисери да бидат фит. Не сите успешни тенисери имале иста исхрана или ист начин на игра. Ако се храните безглутенски, или ако имате совршена диета или правите работи кои бараат голема жртва и ве прават несреќни во остатокот од денот, тогаш немојте тоа да го правите. Ако тоа не ве прави ментално свежи и ако бара голема жртва од вас, подобро е да се откажете од тоа“, изјави Надал.
Меѓутоа, Карлос Алкараз не го послушал својот сонародник и најголемиот тенисер во историјата на Шпанија, туку го избрал начинот на кој Новак Ѓоковиќ ја работи работата.