[ВИДЕО] Германец воодушевен од магијата на Шар Планина, објави неверојатно видео како борда: „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа?“

Точка

13/02/2026

18:54

1.075

Големина на фонт

а а а

24-годишниот германски сноубордер Винсент Терер, кој се натпреварува и во сноубординг предизвици низ целиот свет, неодамна решил да ја посети Македонија.

Со неколку пријатели и својата даска за бордање, тој заминал на Шар Планина - организирано се качил на еден од планинските врвови, а потоа се спуштал кон подножјето на планината преку недопрениот снег, и останал воодушевен од таа глетка.

Винсент објави едно видео од бордањето на Шара на крајот на јануари, кога беше во земјава, а второто пред неполни 2 дена.



Во видеото на Инстаграм, тој покажува дел од ски патеките кои ги поминал, и прашува: „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа?“.

А видеото го дополнува со текст, кој вели:



Ова не е Алјаска, Јапонија или Алпи. Ова е Македонија. Нема лифтови, нема гужва, само планини, свежи линии, на секое спуштање, во текот на целиот ден. Дали би бордале тука?“.

Во коментари пишувале луѓе од целиот свет кои се воодушевени од видеото, а се јавил и еден Холанѓанец кој вели дека штотуку се вратил од тридневно патување во Македонија.

„Беше неверојатно“, гласи коментарот.