[ФОТО] Љубовна врска што ја запрепасти Шведска: „Веќе осум години живеам со две жени. На нашите семејства не им се допаѓа тоа“

Супермен

19/02/2026

08:53

1.058

Големина на фонт

а а а

Нигериецот Џефри Енеи веќе осум години живее со две жени во Шведска и тврди дека клучот на задоволството е апсолутната искреност. Меѓутоа се соочува со проблеми – реакциите на семејството и околината.

На почетокот тој бил во врска со Чидинми Енеи (29), но подоцна во неговиот живот се појавила и Прешс (26). „Како маж отсекогаш чувствував силна потреба да ја говорам вистината за да можам да живеам слободно“, изјавил тој за „Need to Know“.


„Ми беше тешко да живеам двоен живот, па ѝ ја искажав на Чидинми мојата желба да бидам и со некој друг. Успеав во тоа бидејќи љубовта што чувствував дека ја има кон мене ја надминува романтиката. Ми делуваше како љубов што постоела и пред двајцата дојдеме на овој свет. Се чувствував дека пред неа можам да бидам потполно ранлив и да ѝ ги доверам своите најдлабоки мисли“, раскажал Нигериецот.



Откако се запознале двете жени сите тројца се во врска, а Нигериецот истакнал дека таа функционира поради комуникацијата: „Разговараме отворено за сè. Вистината е темелот врз којшто стои сè. Тоа помеѓу нас создаде длабоко разбирање и интимност“. Но, како ги делат домашните обврски? „Сакаме меѓусебно да си помагаме, во зависност од тоа кој што може да направи во тој момент. Имаме и куќни помошнички“, признал Џефри.


Сепак не зборувал за „пикантните“ детали од нивниот живот: „Не станува збор само за сексот. Работиме на љубомората, несигурноста, стравот – сето тоа бара зрелост и затоа повеќето луѓе не можат да го практикуваат ова“, истакнал Џефри.


Меѓутоа никој всушност не ги поддржува во сето ова, а и по осум години семејствата сè уште се против нивната врска. „Некои од нашите семејства првично реагираа со страв, негирање или директно отфрлање. Можеби никогаш целосно нема да го одобрат тоа, но кога кај нас ќе видат хармонија, зрелост и љубов наместо скандал, со текот на времето можеби барем ќе се доближат кон толеранција или прифаќање“,заклучил Нигериецот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk