[ФОТО] Провокацијата ѝ е второ име: И во спортски комплет ги урива мрежите

Супермен

19/02/2026

19:57

1.013

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски дури и од обичен спортски комплет знае да направи бомбастичен моден момент, а серијата фотографии настанала во авион.

Манекенката Емили Ратајковски, која речиси секогаш привлекува внимание со смели модни изданија и провоцира со минимална облека на себе, овојпат позираше во спортско издание и не остави ништо помал впечаток.


Емили носи црн спортски комплет во форма на топ и хеланки и изгледа мошне атрактивно во него, а позирала во приватен авион. Длабокото деколте е повторно во фокусот, но ни нејзините стомачни мускули не заслужуваат ништо помалку внимание.


Пуштената коса, топлата шминка и големите сребрени обетки, таканаречени алки, му дале доза гламур на целиот изглед, па Емили ова го „одработи“ онака како што најдобро знае – ги спои манекенството, спортот и модата.

Нејзините фотографии доаѓаат како дел од кампањата за брендот за спортска опрема „Oner Active“, а на многу девојки им служат како инспирација за летен аутфит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk