Ени Килнер, сопруга на фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, објави дека очекуваат девојче. Со тоа парот, по четири сина, ќе го добие своето прво женско дете.
Среќната вест 33-годишната Ени ја сподели на Инстаграм, каде напиша: „Воодушевени сме што го очекуваме нашето девојче. Нема да се впуштам во шпекулации или драми околу толку личен, приватен и среќен момент за мене и моето семејство“.
Вокер и Ени заедно имаат четворица синови, 11-годишниот Роман, 7-годишниот Рајан, 5-годишниот Рејн и 16-месечниот Резон. Според пишувањата на британските медиуми, приновата треба да пристигне на лето.
Ени откри и дека името на девојчето ќе започнува со буквата Р, како и имињата на нејзините браќа, но конечната одлука сè уште не ја донеле. Според претходни информации, терминот за породување е во јуни, а бременоста им ја откриле на семејството и пријателите за Божиќ.
Да потсетиме, играчот на Манчестер Сити минатата година беше во центарот на скандал кога беше откриено дека со љубовницата Лорин Гудман добил второ дете, девојче, и тоа четири години по раѓањето на нивниот син. Во тоа време Ени исто така била бремена.

Според пишувањата на странските медиуми, сопружниците тогаш биле на работ на развод. Ени го избркала Вокер од заедничкиот дом, а периодот што следел бил исклучително тежок за семејството. Вокер тогаш јавно се извини за своите постапки. „Она што го направив е ужасно и преземам целосна одговорност. Донесов идиотски избори и идиотски одлуки. Не можам ни да замислам низ што поминува Ени“, изјави тогаш.
Минатото лето заедно патувале на Флорида, а извор близок до семејството потврди дека повторно се заедно.
„Тоа беше вистинско семејно патување каде повторно беа заедно како сопруг и сопруга. Ени очигледно беше скршена и многу, многу лута поради она што го направи Кајл, па го избрка на шест месеци. Откако се врати, се обидуваа и се обидуваа. Тоа беше тежок процес. Длабоко во себе, и двајцата знаеја дека сакаат да бидат заедно – но имаше толку многу пречки“, изјави изворот.