[ФОТО/ВИДЕО] Француски фудбалер ги шокирал сите со стајлингот: „Како да се натпреваруваат кој ќе изгледа посмешно“

Супермен

24/03/2026

17:10

543

Големина на фонт

а а а

Француските фудбалери се подготвуваат за пријателските натпревари против Бразил и Колумбија, а во меѓувреме сите го коментираат стајлингот на Мајкл Олисе.

Францускиот фудбалер привлекол големо внимание на собирот на репрезентативците и тоа поради својот бизарен стајлинг, кој набрзо предизвикал лавина реакции и меѓу соиграчите и на социјалните мрежи.


Фудбалерот се прошетал во екстравагантен комплет составен од широки панталони и дуксер, а особено се истакнала капата на неговата глава, барем тоа е најсоодветниот збор што го опишува она што го избрал како моден додаток.

Како и сè друго, и ова беше доволно за да „ги запали“ реакциите на социјалните мрежи, кои беа поделени. Има и такви на кои им се допаднал стајлингот на познатиот фудбалер, но и такви што го осудиле и му порачале дека дефинитивно мора да најде стилист.



„Фудбалерите како да се натпреваруваат кој посмешно ќе изгледа“, „Што е ова“, „Мене ми се допаѓа како изгледа“, „Изгледа смешно“, „Само сакал да биде оригинален“, се дел од коментарите.

Инаку, Олисе оваа сезона игра за Баерн, каде бележи одлични резултати, но неговите настапи речиси останаа во сенка на стајлингот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk