[ВИДЕО] Сабаленка пробала хот-дог од 100 долари: Нејзината реакција веднаш станала вирална

Точка

26/03/2026

18:49

846

Големина на фонт

а а а

Најдобрата тенисерка во светот избори полуфинале на ВТА 1000 турнирот во Мајами, а престојот на Флорида ѝ донесе и едно несекојдневно искуство – дегустација на хот-дог вреден дури 100 долари.

Станува збор за луксузен специјалитет наречен „Златниот Глизи“, кој вклучува австралиско вагју говедско месо, цела лименка кавијар „Голден Гоат“ и јадливи листови злато.

По натпреварот, член на медиумскиот тим на ВТА ѝ пришол на тенисерката со овој необичен оброк за да снимат содржина за социјалните мрежи, а Сабаленка не го криела своето воодушевување.

„О, Боже мој, ви благодарам многу. О, Боже мој… Добро, веднаш ќе го пробам“, рекла таа со насмевка.

По првиот залак следувала реакција што кажа сè. „Толку е е*ено добро, луѓе. О, Боже мој. А баш сум гладна, ова ми е совршено закрепнување. Ви благодарам!“, порачала Сабаленка.


За споредба, просечната цена на хот-дог на спортски настани во САД изнесува околу шест долари, што значи дека за цената на еден „Златен Глизи“ можете да купите дваесетина обични.

Инаку Сабаленка во полуфиналето ќе игра против Елена Рибакина, која неодамна ја победи во финалето на Индијан Велс со 2:1 во сетови.