[ФОТО] Славната водителка ја знае добитната комбинација – „жешка поза“ и секси бикини

Супермен

06/04/2026

12:19

1.005

Големина на фонт

а а а

Ешли Робертс долго време е тема на социјалните мрежи и љубопитниот свет, а сето тоа поради нејзиниот најнов деловен потфат. Имено, водителката одлучила да се врати во музичките води и заедно со своите поранешни колешки, ја „оживеа“ легендарната група од 2000-тите „The Pussycat Dolls“.

Иако не е во својот целосен состав, оваа музичка група ја започнува својата турнеја на почетокот на јуни, а обожавателите ширум светот ќе имаат можност да се присетат на хитови како што се „Buttons“, „Don’t cha“, „I don’t need a man“…


Но пред да започне музичкиот спектакл, членките на групата уживаат во сончеви денови и добра енергија на тропски дестинации. На пример, Ешли е на Малдивите и не е тајна дека ужива во шармот на овој пејзаж.

Водителката и пејачка на своите социјални мрежи објави серија „жешки фотографии“ во розово бикини, а нејзината фигура привлече внимание. Како што може да се забележи атрактивниот костим за капење ги истакна сите нејзини атрибути, особено градите, кои беа во преден план.


Меѓутоа не треба да ги изоставиме и нејзините секси пози, кои беа впечатлив дел од овие фотографии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk