Шарлиз Терон во провокативно издание: Актерката на црвениот тепих во машко одело, под сакото не носела ништо

Точка

23/04/2026

16:34

595

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Шарлиз Терон ги привлекуваше погледите на премиерата на филмот „Apex“ во Њујорк, каде што се појави во машко „Dior“ одело под кое не носела ништо.

Терон две децении беше амбасадорка на „Dior“ како заштитно лице на парфемот „J'adore“, а на премиерата носеше раскопчано црно сако од колекцијата на „Dior“ за зима 2026 без кошула и градник под него.

Горниот дел го искомбинира со панталони и контрастна бела плисирана крагна со драматични врвки кои ѝ паѓаа преку половината.


Изгледот го надополни со парчиња накит од „Dior“, а сè заокружи со впечатлив црвен кармин на усните. Актерката од 2024 година е амбасадорка на брендот за накит и нега на кожа.

Кога станува збор за филмот што го промовираше во Њујорк, станува збор за акциски трилер за преживување во режија на Балтазар Кормакур, а настанат е според сценарио на Џереми Робинс.

Во главните улоги се Шарлиз Терон, Тарон Егертон и Ерик Бана. Филмот раскажува за алпинистка во дивина која се наоѓа во лов додека се бори за преживување.

Пред премиерата во Њујорк, за списанието „People“ зборуваше за тоа како комбинирала екстремни спортови за да се подготви за овој акциски трилер.

„Во овој случај, многу се искачував. Се искачував речиси секој ден, а кога пристигнав во Австралија, многу се занимавав со кајакарство. Тоа е огромен тренинг. Само се трудев да зајакнам колку што можам затоа што се искачувам на сите тие планини во филмот“, раскажа таа.

Филмот „Apex“ ќе биде достапен на „Netflix“ од 24 април.