YOVA официјално ја претстави својата нова колекција за сезона пролет/лето 2026 наречена „Блосом“, со која го продолжува својот препознатлив пристап кон рачна изработка, премиум материјали и оригинален дизајн. Моделите од новата колекција се веќе достапни за купување преку официјалната веб-страница на YOVA.
Колекцијата „Блосом“ е инспирирана од моментот на цутење - симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Како пролетта што носи нов живот, така и оваа колекција ја следи жената низ нејзините сопствени циклуси, од нежност и радост, до самодоверба, движење, внатрешна вредност и смиреност.
Цутењето, како што ја дефинира YOVA, не е еден момент, туку процес. Секој модел од колекцијата претставува различна состојба, различен израз и различна енергија — оставајќи простор жената да го избере она што најмногу ја отсликува во одреден момент.

Пет модели, пет изрази
Колекцијата „Блосом“ се состои од пет различни модели, секој со свој карактер и визуелен идентитет:
- Ринг - архитектонска форма изградена од рачно хеклани кружни елементи, со модерен и структуриран изглед
- Фиори - скулптурална цветна форма што комбинира нежност и прецизна конструкција
- Бисера - декоративен модел збогатен со 29 автентични рачно изработени охридски бисери од семејството Талеви.
- Луна - смирена, органска форма со природни детали и балансирана текстура
- Реса - динамичен модел со слоевити реси што создаваат движење и флуидност

Сите модели се рачно изработени од FSC-сертифицирана вискозна рафија Pontova®, набавена од Италија, со внимателно развиени техники на хеклање кои ја трансформираат традиционалната вештина во современ моден занает. Внатрешноста на чантите е обложена со веганска кожа Vegea, набавена од Италија.
Традиција во современ контекст
Со оваа колекција, YOVA го редефинира начинот на кој традиционалните техники се користат во модата. Хеклањето, како вештина со длабоки корени во локалната култура, добива нова улога — како основа за изработка на професионални луксузни ташни.
Преку развој на нови техники, јасни производствени стандарди и соработка со занаетчии со искуство во изработка за врвни светски модни куќи, секој производ достигнува ниво на квалитет што одговара на глобалните стандарди.

Дополнителна вредност носи и соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и соработката со семејството Талеви, носители на традицијата на охридски бисери, што на моделите им дава автентичен културен слој.
Функционалност и личен израз
Ташните од колекцијата „Блосом“ не се само визуелно впечатливи, туку и функционални. Секој модел е дизајниран да се носи на повеќе начини — како рачна чанта, преку рамо или како трансформиран облик — овозможувајќи флексибилност и прилагодување кон различни стилови и ситуации.
На овој начин, дури и наједноставниот изглед добива карактер, а ташната станува клучен елемент во личниот стил.

Кампања „СВОЈА“
Колекцијата е придружена со кампањата „СВОЈА“, која ја прикажува жената низ различни фази, емоции и состојби - од радост и нежност, до самодоверба, енергија, вредност и смиреност.
Секоја ташна од колекцијата не е само форма, туку одраз на одредена енергија и момент. Како што жената се менува, така се менува и начинот на кој ја носи — но во секоја фаза, таа останува доследна на себе.














