[ФОТО] Најмистериозниот пар во светот на познатите планира венчавка? Пејачот и актерката „фатени“ во прошетка, а целиот свет зборува за прстенот

Точка

23/04/2026

13:51

896

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку месеци странските медиуми шпекулираат за врската меѓу пејачот Хари Стајлс и актерката Зои Кравиц, но тие не обрнуваат внимание на новинските наслови и уживаат во времето што го поминуваат заедно.

Својот живот го држат далеку од очите на јавноста, но сега медиумите се убедени дека нивната врска е на повисоко ниво и дека пејачот „го поставил познатото прашање“.

Имено, актерката и пејачот биле видени во прошетка низ Лондон, а впечатливиот прстен на раката на Зои привлекол внимание и ги поттикнал гласините за свршувачка.

Дали станува збор за свршенички прстен или не, изгледа дека засега нема да дознаеме, бидејќи ниту едниот ниту другиот не сакаа да дадат изјави на оваа тема, сакајќи својот приватен живот да го чуваат далеку од очите на јавноста.

За нивната врска првпат почна да се пишува во август минатата година, кога обожавателите ги виделе заедно во Рим како се држат за раце. На нагаѓањата им дојде крај кога парот беше фотографиран среде бакнеж.


„Делуваат многу сериозно и се насочени кон тоа приоритет да му дадат на времето што го минуваат заедно. Изгледа дека исто така создале заеднички живот во кој и двајцата навистина уживаат“ изјавил извор за „People“.

Иако и двајцата никогаш јавно не зборувале за нивната врска, пејачот во интервју за „Rolling Stone“ исто така рекол дека не зборува за својот приватен живот и дека тоа му донело само позитивни работи.


Потсетуваме, Стајлс беше поврзуван со Кендал Џенер, Оливија Вајлд и Тејлор Свифт, додека Кравиц беше во брак со актерот Карл Глусман.

По разводот во 2021 година, со години беше свршена со актерот Ченинг Тејтум.