YOVA на ексклузивен настан ќе ја претстави новата колекција „Блосом“ за Пролет/Лето 2026

Точка

27/04/2026

16:37

192

Големина на фонт

а а а

Колекцијата „Блосом“ носи пет рачно изработени модели инспирирани од различни фази на женската енергија, изработени од премиум материјали и дизајнирани за повеќенаменска употреба.

Брендот YOVA ќе ја претстави својата нова колекција „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026, на ексклузивен настан што ќе се одржи утре (28.04.2026) во скопското кафуле Бонобо, во присуство на соработници, инфлуенсери, медиуми и пријатели на брендот.

Настанот со почеток од 18 часот е од затворен тип, за постоечките клиенти на YOVA. Сепак поради големата заинтересираност брендот реши да го отвори настанот после 20 часот за сите посетители кои ќе сакаат да дојдат и во живо да ги видат и купат ташните.

Колекцијата „Блосом“ е инспирирана од моментот на цутење -симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Таа ја следи жената низ различни фази и состојби — од нежност и радост, до самодоверба, движење, внатрешна вредност и смиреност, преточени во пет различни модели на рачно изработени ташни.


Колекцијата „Блосом“ се состои од пет различни модели, секој со свој карактер и визуелен идентитет:

- Ринг – архитектонска форма изградена од рачно хеклани кружни елементи, со модерен и структуриран изглед
- Фиори – скулптурална цветна форма што комбинира нежност и прецизна конструкција
- Бисера – декоративен модел збогатен со 29 автентични рачно изработени охридски бисери од семејството Талеви.
- Луна – смирена, органска форма со природни детали и балансирана текстура
- Реса – динамичен модел со слоевити реси што создаваат движење и флуидност

Ташните се рачно изработени од премиум материјали, со посебен фокус на техниката на хеклање, која YOVA ја трансформира од традиционална домашна вештина во современ моден занает со висока додадена вредност. Во нивната изработка учествуваат занаетчии со искуство во работа за врвни светски модни куќи, што придонесува за квалитет што одговара на глобалните стандарди.


Дополнителна вредност на колекцијата носи и соработката со семејството Талеви, преку вклучување на автентични охридски бисери во моделот Бисера, како и партнерството со италијански компании за воведување дигитален пасош на производите.

Настанот во Бонобо ќе понуди можност гостите први да ја погледнат и искусат колекцијата, како и да ги нарачаат моделите веднаш по нејзиното официјално претставување.

Колекцијата „Блосом“ е придружена со кампањата „СВОЈА“, која ја нагласува идејата за индивидуалност и личен избор — дека стилот не се наметнува, туку се чувствува.

Моделите од колекцијата се веќе достапни за купување преку веб-страницата на YOVA.