Почетокот на пролетта обично е предвесник за нови почетоци, потопли температури и будење на природата околу нас.
Токму затоа е совршено време за излегување од дома и создавање на уште една здрава навика: прошетка во природа. А лојален придружник на секоја здрава навика се вкусните производи на Виталиа, кои нудат свежа доза на енергија секогаш кога ви е потребна и претставуваат совршен оброк или закуска за секој што внимава на исхраната или се труди да се храни здраво.
Кога ќе се разбудиме на топол пролетен ден, лесно е да најдеме мотивација да излеземе и да ги искористиме сончевите зраци за да поминеме малку повеќе време на отворено.
Дестинацијата скоро и да не е важна. Вистинското уживање е во самото патување и во слободата самите да го организирате денот онака како што вие сакате – без притисок дека доцните некаде или пак дека сте заборавиле навреме да купите билет. Ако во близина на вашиот дом има река, парк или пак планина која може да ја искачите – тогаш изборот е лесен. Ако нема, секогаш постои можноста да отпатувате некаде за да уживате во природа: некое од нашите природни или вештачки езера, бројните национални паркови, планини или пак на село, некаде подалеку од урбаниот метеж. Само спакувајте ги работите кои ви се најнеопходни и впуштете се во пролетна авантура!

Пред да излезете од дома, проверете дали со себе ги имате најважните работи за една прошетка на отворено. Приоритет се личните работи како мобилен телефон, паричник и клучеви, кои секогаш треба да бидат со вас. А потоа тука се и неопходните работи како на пример доволна количина на вода и резервна маица во случај да треба да се преслечете, како и вашите омилени производи на Виталиа кои ќе ви понудат свежа доза на енергија кога ќе ви биде потребно. Ако одите некаде покрај река или езеро, добро е со себе да понесете и крпа, а доколку пак одите на планина не заборавајте да си земете мало ќебенце кое може да го постелете на земја кога ќе сакате да одморите и да земете здив.
А токму во моментите на одмор, кога сакате да имате момент за себе и момент за да ги одморите нозете – доаѓа вистинското време за мала вкусна закуска од Виталиа. Ако сте расположени за слатка и здрава ужина, тогаш совршениот избор се Raw Bars на Виталиа – направени од 100% сирови висококвалитетни состојки во кои се задржани сите витамини, минерални и макронутриенти, а кои содржат само природни шеќери. Тие доаѓаат во повеќе вкусови, што значи дека секој може да си го одбере оној вкус што најмногу му се допаѓа. А за љубителите на солена ужина, тука е Протеинскиот крцкав микс со пикантен вкус, кој не само што е здрава закуска туку и содржи голема количина на протеин кој помага за полесно закрепнување и регенерирање на мускулите. Секое пакување од 60g содржи 26% протеини (15g), што го прави идеален избор за сите кои сакаат да останат полни со енергија и сити подолго време. Со ниски јаглехидрати, богата со влакна и целосно веганска, оваа мешавина е наменета за луѓето што водат здрав и активен животен стил.
Па така, кога ќе се подготвувате за првата пролетна прошетка запомнете дека основа на сите здрави навики мора да биде храната, бидејќи таа е најважното гориво кое му ја дава енергијата на нашето тело. Не за џабе велат дека „здравите навики започнуваат од појадокот“, бидејќи храната ја поставува основата на целокупното здравје. А производите на Виталиа ви нудат вкусна и нутритивна опција која го поддржува здравиот начин на живот и ви дава слобода да уживате во храната без грижа на совест.
Комерцијален текст












