Кијану Ривс и Александра Грант важат за еден од најхармоничните парови во светот на Холивудот, а неодамна покажале како изгледа вистинската љубов.
Актерот кој важи за голем хуманитарец веќе извесно време е во врска со прекрасната уметница Александра Грант, која, според мислењата на корисниците на социјалните мрежи, не е добар избор за славниот актер — барем не во физичка смисла. Сепак, ставовите на јавноста не се важни за овој пар, а тие тоа одново го покажуваат на црвените килими.

Неодамна се појавиле на гала-вечерата на Музејот на современа уметност во Лос Анџелес и буквално блеснале на овој настан.
Како што може да се види, Кијану за оваа пригода избрал класичен црн костум, кој го надополнил со вратоврска, додека неговата сакана се решила за креација со лежерен гламур.

Станува збор за комбинација во металик сина боја, која се состои од два дела — топ и макси здолниште. Покрај тоа а тука се и цветните детали – најженствениот дезен, кој на модната комбинација ѝ дал елегантна нота.
Особено вниманието привлекле нивната усогласена енергија и заљубените погледи. Кијану во еден момент вљубено ја погледнал својата сакана, а таа фотографија стана главна тема на социјалните мрежи.

Луѓето се согласуваат со една идеја — љубовта меѓу актерот и уметницата е олицетворение на вистински и искрени емоции.