[ФОТО] Додека поранешниот „кука“ на мрежите, таа гордо ги покажува раскошните облини

Супермен

01/06/2026

20:14

869

Големина на фонт

а а а

Уште една објава на британската водителка Маја Јама го привлече вниманието на јавноста – особено сега кога се огласи нејзиниот поранешен партнер Рубен Дијаз.

Потсетуваме, Рубен Дијаз, фудбалерот на Манчестер Сити, неодамна ја потврди разделбата со британската водителка. Веста ја објави на Инстаграм и со тоа се осврна на гласините за љубовна афера.


„Кога мојот 85-годишен дедо ме прашува дали сум ја изневерил девојката, бидејќи тоа повеќепати го видел во вестите, тогаш ја повлекувам границата меѓу она што е прифатливо и она што не е“, рече и додаде:

„Маја и јас секогаш имавме однос изграден врз меѓусебна почит. Таа граница никогаш не беше премината“.

Секси водителката не се огласи по повод „искрените зборови“ на поранешниот партнер, но на многумина им стави до знаење дека продолжила со животот. За реалити шоуто „Остров на љубовта“ одлучи да облече никогаш поатрактивно парче облека кое ги истакна нејзините раскошни облини.


Како што се гледа на фотографиите, водителката носела краток топ и макси здолниште кое се прилепува до телото, а не треба да се изостави ниту фактот дека горниот дел ги нагласил бујните гради.

Косата ја стилизирала во благи бранови кои паѓале по нејзиниот грб, а од шминка носела земјени тонови кои постигнале природен изглед. Своите верни фанови ги почести и со блескава насмевка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk