Искусен механичар откри кој автомобил најретко се расипува: „Доколку го возеа сите, јас би останал без работа“

Супермен

02/06/2026

14:55

1.488

Големина на фонт

а а а

Купувањето половен автомобил често е ризик, а многу возачи бараат модел што ќе им служи со години без скапи дефекти.

Затоа советите на искусните механичари честопати имаат посебна тежина бидејќи тие работат со возила од сите марки и возрасти секој ден и најдобро можат да видат кои автомобили остануваат сигурни најдолго.


Еден од нив е Џејмс Гудхенд, автомеханичар и автор на книги, кој откри кој бренд на автомобили го смета за најсигурен во светот и кој автомобил лично го вози.

Кога го прашале кој бренд би им го препорачал на клиентите кои бараат максимална сигурност, тој без двоумење ја издвоил јапонската „Хонда“.

„Ако вашиот буџет дозволува, купете јапонски автомобил. Најдобриот од сите е „Хонда“. Тие се навистина најдобрите автомобилски инженери во светот. Ако сите возеа „Хонда“, јас ќе останев без работа“, изјавил Гудхенд. Тој објаснил дека овој став се базира на неговото долгогодишно искуство во работата со модели на „Хонда“.

Моторот работи тивко

„Тие се исклучително сигурни. На пример, јас одржувам 20-годишна „Хонда Сивик“ со над 200.000 милји. Моторот сè уште работи толку тивко што би можеле да држите шолја чај на него, а е толку тивок што понекогаш е тешко дури и да забележите дека работи. Тој автомобил поминал доволно километри за да стигне до Месечината“, изјавил механичарот.

Тој открил и кој автомобил го вози приватно. Во неговата гаража има шведски „Волво В90“, но и еден модел кој му е особено близок до срцето.

„Веројатно нема никого да изненади што имаме „Волво В90“. Но, јас имам и „БМВ“ кој го поседувам 15 години. Во одредени периоди, служеше како семеен автомобил, а токму во него го донесовме нашиот син дома од болница за првпат“, изјавил Гудхенд.


Неговото мислење го делат многу автомобилски експерти. Тестовите спроведени оваа година од порталот „WhatCar?“ покажаа дека најновиот „Хонда Џез“ е меѓу трите најдобро оценети мали автомобили, со посебни пофалби за неговата практичност.

Рецензентите истакнаа дека ова е модел кој можеби никогаш не ги достигнал бројките на продажба на некои конкуренти, но се издвојувал низ годините по својот практичен ентериер и репутацијата како исклучително сигурен автомобил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk