[ФОТО] Сексапилната водителка „убива“ со својот изглед, а Мундијалот штотуку започна: Велат дека е позгодна и од Дилета

Супермен

15/06/2026

13:25

972

Големина на фонт

а а а

Мундијалот започна, а со него покрај натпреварите, тука се и бројни познати убавици покрај теренот, како водителката Елеонора Инкардона.

Една од најубавите Италијанки, спортската водителка Елеонора Инкардона, покажа како изгледа на самиот почеток на Мундијалот, само неколку дена откако нејзините фотографии од „подготовките“ за овој настан ги преплавија социјалните мрежи.


Елеонора објави фотографија од стадионот и попатно ја покажа модната комбинација што ја избра за отворањето на Мундијалот. Кратки тексас-шорцеви и едноставна бела маица беа нејзиниот избор, па многумина се согласија дека со ваква убавина и не е потребно да се „измислува“ поинаков стил.


На социјалните мрежи италијанските новинарки одамна се главна тема, особено кога во фокусот е еден ваков важен настан, а за Елеонора многумина велат дека е позгодна дури и од Дилета Леота.

„Секогаш изгледаш совршено“, „Со нетрпение го очекувам Мундијалот поради тебе“, „Прекрасна си“, „Имаш прекрасна насмевка“, беа само дел од реакциите под нејзината последна објава.


Нема сомнеж дека Елеонора ќе биде во фокусот во текот на целиот Мундијал, а кој знае какви сè провокативни модни комбинации подготвила за наредните денови од првенството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk