[ФОТО] Црно, кожно и „Луј Витон“: Зендаја во моќно модно издание кое ги украде погледите

Точка

23/06/2026

11:39

972

Големина на фонт

а а а

Актерката Зендеја се појави во Берлин на промоцијата на новиот филм за Спајдермен во издание кое ги воодушеви сите.

За време на турнејата на филмот „Драма“ пред неколку месеци, актерката Зендаја покажа дека нејзините модни избори се поврзани и со темата на филмот, што е одличен начин за маркетинг и промоција на нејзините изданија.


Потоа бевме сведоци на нејзините одлични стајлинзи кои покажаа нешто старо, позајмено и сино во согласност со западната традиција што се почитува на свадбите.

А, таа моментално го покажува своето чувство за шоу-бизнис на турнејата за филмот „Спајдермен: Нов ден“.

Па неодамна Зендаја се појави во Берлин со својот сопруг и колега Том Холанд и ги воодушеви сите со црн кожен комплет од модната куќа „Луј Витон“.


Нејзините модни избори се состоеја од црн кожен краткиот елек кој ги откриваше стомачните мускули и драматично и драпирано макси здолниште.

Актерката го заокружи моќното издание со кратка фризура и впечатливи обетки со сини скапоцени камења кои потсетуваат на пајакова мрежа, како и прстен од дизајнерката Лидија Кортеиља.


Стилот на Зендаја суптилно се повикуваше на препознатливите бои на Спајдермен, но не е јасно дали потемните верзии одразуваат друга страна од универзумот на Спајдермен или се дел од поширокиот моден израз.

Нејзиниот сопруг, од друга страна, избрал црн костум од „Селин“, кој го искомбинирал со црвена кошула и вратоврска, како и бордо чизми.


Ви се допаѓа ли ова модно издание на Зендаја?