Некогаш бил еден од најбогатите Кинези: Сега е осуден на 30 години затвор во САД

Супермен

30/06/2026

20:32

1.199

Големина на фонт

а а а

Кинескиот претприемач Гуо Венгуи, некогаш сметан за еден од најбогатите луѓе во Кина е осуден во Соединетите Американски Држави на 30 години затвор поради измама тешка повеќе од една милијарда долари.

Поранешниот градежен тајкун избегал од Кина во САД во 2017 година, каде што се претставувал како критичар на Комунистичката партија на Кина и изградил верна база на следбеници на интернет. Бил прогласен за виновен по обвиненија за организиран криминал, измама и перење пари.

Судијката на федералниот суд во Њујорк, Аналиса Торес, изјавила дека Гуо „ги искористувал луѓето кои сакале да донесат демократија во Кина“, земајќи им ги парите за да го финансира својот раскошен начин на живот. Гуо, кој е познат и под имињата Мајлс Гуо и Хо Ван Квок, пресудата ја дочекал во судница исполнета со негови поддржувачи.


Федералниот обвинител Шон С. Бакли изјавил за Би-би-си дека Гуо, наместо да ги искористи бројните легитимни можности што му биле достапни, ја злоупотребил довербата на илјадници луѓе поради сопствената алчност. „Оваа пресуда покажува дека славата и богатството не го ставаат никого над законот и дека измамниците кои ги искористуваат семејствата за да се збогатат ќе се соочат со сериозни последици“, порачал Бакли.

Стекнал голем број следбеници меѓу кинеската дијаспора

Пред бегството од Кина, Гуо стекнал големо богатство како инвеститор во недвижности и одржувал добри односи со кинеските власти. Меѓутоа, откако високи кинески функционери го обвиниле за корупција, тој побарал азил во САД.

Во САД се профилирал како гласен критичар на кинескиот комунистички режим и стекнал голем број следбеници меѓу кинеската дијаспора. Според обвинителството, меѓу 2018 и 2023 година од своите интернет следбеници собрал повеќе од една милијарда долари преку различни инвестициски и криптовалутни проекти.


Обвинителите тврдат дека со тие пари финансирал луксузен живот, кој вклучувал вила со површина од речиси 4.600 квадратни метри, Ламборгини вредно еден милион долари и јахта вредна 37 милиони долари. Гуо ги отфрлил обвиненијата, тврдејќи дека собраните средства биле наменети за неговото политичко дејствување.

Стив Бенон уапсен на неговата јахта

За време на престојот во САД, Гуо се поврзал со други критичари на кинеските власти, меѓу кои бил и Стив Бенон, поранешен советник на американскиот претседател Доналд Трамп. Бенон и Гуо често настапувале заедно во снимките, а во 2020 година ја започнале иницијативата „Нова Федерална Држава Кина“, чија цел била соборување на Комунистичката партија на Кина.


Подоцна истата година, Бенон бил уапсен на јахтата на Гуо во сојузната држава Конектикат. Тој бил обвинет во одделен случај за измама поврзана со собирање донации за непрофитна организација која финансирала изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико.


На судот во Менхетен признал вина за кривично дело измама од прв степен и бил осуден на три години условна казна. Бенон се соочил и со федерални обвиненија поврзани со истата кампања, но постапката била прекината откако Трамп го помилувал во последните часови од својот прв претседателски мандат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk