Драматична порака од Германија: „Ако продолжиме вака, ќе пропаднеме и на крајот никој нема да има работа“

Супермен

01/07/2026

21:05

1.382

Големина на фонт

а а а

Во Германија започна жестока расправа за работното време. Бројни угледни менаџери, економисти и претприемачи отворено бараат враќање на 40-часовната работна недела во индустријата, без усогласување на платите, предупредувајќи дека земјата ризикува губење на конкурентноста и масовно затворање на фабриките.

Дебатата се засили откако Ларс Брзоска, директорот на логистичкиот гигант „Јунгхајнрих“ јасно порачал: „Мора да се вратиме на 40-часовна работна недела во индустријата, без усогласување на платите. Повторно мора да ја зголемиме продуктивноста. Оние кои сакаат да работат повеќе треба да имаат можност за тоа. Ако продолжиме вака, ќе пропаднеме, а на крајот никој нема да има работа“.


Ситуацијата во Фолксваген најдобро ја илустрира сериозноста на проблемот. Компанијата планира кратење на 10.000 работи места ширум светот, а четири фабрики (Хановер, Емден, Цвикау и Некарсулм) се соочуваат со затворање или драстични намалувања на производството. Надзорниот одбор треба да расправа за овие мерки на 9 јули. Слични мерки најавуваат и други гиганти. Мерцедес ја одложи исплатата на специјалните тарифни додатоци до 2027 година и преговара со работничкиот совет за продолжување на работното време без дополнителен надомест. Профитот на компанијата во 2025 година се преполовил на 5,3 милијарди евра, а во првиот квартал на 2026 година паднал за дополнителни 17,2 отсто. И Бош исто така минува низ турбулентен период – дошло до ненадејни промени во раководството, а соработката со Фолксваген за развој на автономно возење вредна 1,5 милијарди евра е на работ а пропаст, пишува „FOCUS Online“.

Германската индустрија се соочува со високи трошоци за труд. Според податоците на Институтот за германската економија, во 2024 година поединечните трошоци за труд во Германија биле 22 отсто над просекот во однос на 27 споредливи земји.


Еден час работа во индустријата во просек чини 45 евра, односно 49,50 евра во преработувачката индустрија, значително повеќе отколку во поголемиот дел од Европа.

Економистите се согласуваат со менаџерите. „За повеќе слободно време може да разговараме само доколку расте благосостојбата“, порачал шефот на институтот Ифо, Клеменс Фуест. Директорот на „IW“ институтот, Михаел Хитер дури и предложил 42-часовна работна недела, додека економистката Моника Шницер изјавила: „Не може за 35 часа да се постигне истото што и за 42 часа“. „Би било добро кај поголем број вработени да се вратиме на 40 часови“, рекол претседателот на Здружението на работодавачи, Рајнер Дулгер.

Претседателот на Гесамтметал, Штефан Волф веќе со години бара подолго работно време и ја отфрла четиридневната работна недела со целосна плата.


Расправата веќе не е само прашање меѓу синдикатите и работодавачите. Канцеларот Фридрих Мерц се залага за пофлексибилно работно време, а министерката за економија Катерина Рајхе смета дека дебатата за четиридневна работна недела и рамнотежата меѓу работата и приватниот живот во моментов не е соодветна. Германија така се соочува со клучно прашање: може ли да ги задржи високите плати, пократкото работно време, големите социјални придонеси и строгите регулативи, а истовремено да остане конкурентна на глобалниот пазар? Многумина менаџери предупредуваат дека ако ништо не се промени, фабриките едноставно ќе исчезнат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk