[ФОТО] Мускулестото тело на славниот заводник останало во сенка заради неговата 21 години помлада избраничка

Супермен

30/07/2026

09:20

2.570

Големина на фонт

а а а

Орландо Блум беше „уловен“ на плажа во Италија, заедно со неговата нова девојка, Луиза Ламел, и без оглед на изгледот, тие дури и не се потрудија да се сокријат...

Холивудскиот актер Орландо Блум (49) ја покажа својата извајана фигура додека уживаше на плажа во Италија со својата нова девојка, манекенката Луиза Ламел, со која неодамна официјално се појавија како пар.

21 година помладата убавица исто така уживаше на плажа, облечена во тесно бикини и цело време разменуваше нежности со Блум, игнорирајќи ги папараците што ги следеа.

Орландо ги покажа своите извајани стомачни мускули во црна спортска облека, додека убавата швајцарска манекенка Луиза (28) изгледаше сензационално во минијатурни црни бикини со триаголен горен дел и танга долен дел.

Двојката е во врска од минатата година, откако Орландо се раздели од 41-годишната Кети Пери, а ова не е нивно прво заедничко патување, бидејќи минатиот месец заедно присуствуваа на Неделата на машка мода во Милано.

Двајцата главно ја криеја својата врска од јавноста, откако првите информации за нивната романса се појавија во февруари.

Луиза има истакната кариера во светот на модата и е лице на бројни козметички и модни брендови, вклучувајќи ги „L'Oréal“, „YSL Beauty“, „Maybelline“, „Max Factor“ и „Calvin Klein“.

Тие првпат беа поврзани кога беа видени прегрнати како го напуштаат Супербоулот во Калифорнија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk