[ВИДЕО] Како изгледа гардероберот на познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед? Стилистката покажа сè

Супермен

12/08/2026

13:25

797

Големина на фонт

а а а

Холандскиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, ја ангажирал модната стилистка Сидни Лухис за целосно да му ја реорганизира гардеробата.

Целиот процес, од расчистувањето на плакарот до осмислувањето на новиот стил, бил снимен и објавен на ТикТок, каде што стилистката детално им покажа на своите следбеници како изгледала соработката со фудбалерот.

Му го расчистила плакарот

Лухис допатувала во Манчестер за да го расчисти големиот вграден плакар на Зиркзе, да ја одвои облеката што повеќе не ја носи и да направи место за нови парчиња. Во видеото на ТикТок, кое собра повеќе од 100.000 прегледи, таа објаснила за што станува збор.


„Придружете ми се во расчистувањето на плакарот на Џошуа Зиркзе“, рекла таа на почетокот додавајќи: „Џошуа ме замоли да му помогнам да го реорганизира плакарот, да направиме малку повеќе простор за нови работи и сè уредно да наредиме“.

Нејзината работа вклучувала сортирање на големо количество облека. Таа ги издвоила сите парчиња што Зиркзе повеќе не ги носи или никогаш не ги облекол. Поквалитетните и повредните парчиња планира да ги продаде во негово име, додека остатокот ќе биде дониран.


На снимките се гледа како таа ги прегледува редовите со дизајнерски маици и одлучува што ќе остане, а што ќе биде отстрането од плакарот. Откако завршила со изборот, преостанатата облека уредно ја наредила и ја распоредила по бои, оставајќи доволно простор за нови парчиња.

Сака стил инспириран од раперите од деведесеттите

Во друго видео, Лухис покажала како изгледа целиот процес на осмислување на стилот на Зиркзе. Сè започнува со разговор за неговите желби, по што таа изработува „мудборд“ (табла со визуелни идеи) со предлози и составува конкретни модни комбинации.


„Џошуа живее во Манчестер, па овој пат ние допатувавме кај него“, објаснила стилистката. Откако фудбалерот ќе ги одобри предлозите, стилистката ја нарачува облеката и му ја носи за да ја проба. Зиркзе сакал изглед инспириран од раперите од деведесеттите години, но приспособен на неговиот личен стил и на денешните трендови.

„Мислам дека завршивме добра работа“, истакнала Лухис за крајниот резултат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk