[ВИДЕО] Тој е поддршката на Ѓоковиќ од сенка, многумина не го забележуваат, а сега проговори: „Никогаш не сум видел…“

Супермен

22/09/2026

09:22

595

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ со години ги поместува границите во потрагата по совршенство, а колку далеку оди неговата посветеност на секој детаљ најдобро го опишал човекот кој има можност од прва рака да ја следи неговата работа.

Карлос Коста, физиотерапевтот на српскиот тенисер, кој во текот на кариерата работел и со Ана Ивановиќ, Томи Хас, Кевин Андерсон, Доминик Тим и Андреј Рубљов, зборувал за искуството од работата со Ѓоковиќ во интервју за португалскиот поткаст што го води Федерико Маркес, поранешен тренер на Жоао Соуза.

Коста без многу двоумење истакнал дека во текот на својата кариера не видел ништо слично на Новак, особено кога станува збор за неговата визија, интензитетот на работата и неверојатната доследност.

„Никогаш не сум видел ништо слично на Новак Ѓоковиќ. Неговата визија, она што секојдневно го дава на теренот и неговиот интензитет. Претходно сум видел нешто слично, но никогаш со доследноста на Ѓоковиќ“ изјавил популарниот Чали и додал:

„Тој обрнува внимание на секој детаљ. Колку време ни е потребно за да му донесеме пешкир … Ако се појави нешто што не било планирано, доаѓа до несогласувања. Оди дотаму што во рамките на тимот прави своевидни тестови за да провери дали навистина ги бараме најдобрите стратегии за закрепнување и дали му ги обезбедуваме најдобрите третмани“.

Еден од примерите што особено го издвоил бил поврзан со Јаник Синер.

„На пример, нè праша зошто Синер прави вежби за очи, а ние не го правиме тоа. Постојано бара начини да биде најдобар во светот. Секогаш се трудам да бидам што е можно повеќе во тек со новостите. Дури посетувам курсеви со физиотерапевти од други спортови; се обидувам да учам и од други спортови. Но понекогаш тој ќе види некоја снимка или ќе забележи други играчи како прават различни работи во соблекувалната и секогаш прашува зошто ние не го правиме истото. А нашиот одговор не смее да трае предолго! Постојано бараме начини да напредуваме“, раскажал Коста.


Потсетуваме, Карлос Коста е роден на 10 септември 1986 година во Португалија, а пред професионално да се посвети на физиотерапијата, се занимавал со различни спортови, меѓу кои пливање, фудбал, тенис, планински велосипедизам и сурфање.

Во светот на тенисот изградил сериозна репутација работејќи со бројни познати играчи, меѓу кои Ана Ивановиќ, Томи Хас, Томаш Бердих, Доминик Тим, Андреј Рубљов и Кевин Андерсон, а бил и дел од медицинскиот тим на португалските репрезентации.

Покрај физиотерапијата, се усовршувал во областите на традиционалната кинеска медицина, структурната остеопатија, спортската медицина и фитнесот, што го профилирало како експерт чиј пристап опфаќа различни методи на работа со врвни спортисти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk