[ФОТО] Вејн Руни (40) го привлече вниманието со својот изглед: Ослабел и го оперирал носот

Супермен

24/09/2026

10:25

644

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни (40) во вторникот вечерта се појавил на премиерата на своето ново реално шоу „The Real Rooneys“ со забележително променет изглед. Поранешниот фудбалер го покажал својот нов нос, послаба фигура и посвеж изглед на лицето. Промената е особено забележлива кога ќе се спореди со фотографиите од пред неколку години.

Новото реално шоу го следи животот по фудбалската кариера

Документарната серија „The Real Rooneys“ почнува да се емитува од четврток на Дизни. Серијата, составена од десет епизоди, следи една важна година за семејството Руни, откако Вејн добил отказ од тренерската позиција во Плимут Аргајл.


По завршувањето на играчката и тренерската кариера, неговото секојдневие сега главно се врти околу семејниот живот и обврските поврзани со четирите деца, што е прикажано и во трејлерот објавен во пресрет на премиерата.


Операцијата ја направил поради стари повреди

Руни за првпат ги покажал резултатите од операцијата на носот во август. Во својот нов поткаст „Stick to United“, кој го води со Марк Голдбриџ, открил дека се одлучил на зафатот бидејќи двапати го скршил носот во текот на својата фудбалска кариера. За операцијата зборувал само една недела по зафатот и признал дека закрепнувањето не било целосно пријатно.

„Имав среќа што немам модринки под очите, но сè уште имам две пластични цевчиња во носот кои наскоро ќе ми ги извадат. Едвај чекам да се ослободам од нив“, рекол поранешниот фудбалер.


Тој објаснил и како изгледала операцијата: „Направија рез под ноздрите. Сè е затворено со конци и малку е непријатно“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk