[ВИДЕО/ФОТО] Водителката на временска прогноза мами воздишки: Ксенија ги „прикова“ мажите за малите екрани

Супермен

20/10/2026

12:53

1.317

Големина на фонт

а а а

На Инстаграм е објавена снимка од временската прогноза, а коментарите постојано се нижат.

Водителката на Радио-телевизија Црна Гора (RTCG), Ксенија Поповиќ од Подгорица, го привлече вниманието на јавноста со својата убавина, а многу корисници на социјалните мрежи наведуваат дека токму поради неа ја следат временската прогноза.

На Инстаграм е објавена снимка од временската прогноза, а коментарите постојано се нижат.


„Сакам да добие постојано вработување“, „Најубавите водителки на RTCG. Урбани, убави, воспитани“, „Колку е убава“, „Малку шега не е на одмет“, се дел од коментарите.

Ксенија објавила емотикон кој се смее.

Таа ќе ја претставува Црна Гора на светскиот избор за убавина „Miss Earth“ на Филипините. Финалето е закажано за 12 декември. За подгоричкиот портал „Antena M“ објаснила дека „Miss Earth“ става акцент на екологијата и општествената одговорност.


Покрај натпреварувачкиот дел, изборот вклучува интервјуа, јавни презентации, хуманитарни и еколошки проекти, како и сценски настапи. Таа додала дека сака да ја претстави Црна Гора на достоинствен и автентичен начин. Во светот на модата влегла сосема случајно.

Во интервју за рубриката „Lična karta“ на порталот RTCG раскажала дека во 2018 година победила на црногорскиот избор „Elite Model Look“ и била единствената претставничка на земјата на светското финале на Тенерифе.

Во врска со плановите, таа вели дека ќе продолжи да гради кариера во модната индустрија, медиумите и дипломатијата, иако сè уште не е сигурна каде точно се гледа себеси во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk