Зголемена простата – кои се симптомите и како успешно да се излечи проблемот?

Точка

26/04/2017

12:32

26.852

Големина на фонт

а а а

Најчестата причина поради која доаѓа до бенигно зголемување на простатата се хормонските промени поради стареењето.

50% од мажите, постари од 50 години имаат зголемена простата. Од тој број, 30% од нив имаат проблеми со мокрење, вели Невен Капун, доктор и специјалист по урологија.

Иритативни и опструктивни симптоми:

Симптомите кои се појавуваат поради бенигното зголемување на простата се делат на иритативни и опструктивни. Под иритативни спаѓаат зачестено мокрење преку ноќ и ден, испуштање на урината и ургенција.

Опструктивни симптоми се:

• слаб млаз

• чекање на почеток при мокрењето

• прекин на млазот

• чувство на непотполно празнење

• капење по мокрењето

“Првите знаци се јавуваат во раните 40-ти години. По 60-тата година, скоро секој втор маж има тегоби кои се предизвикани од оваа состојба. Со стареењето, симптомите стануваат сè поизразени” – вели д-р Капун.

Токму иритативните симптоми се главниот виновник поради кои мажите најчесто посетуваат уролог. Многумина стравуваат од рак на простата, како и од потполно застанување на урината, но ретко кога симптомите напреднуваат толку брзо за да дојде до хроничен застој или каменчиња во мочниот меур. Кај хроничниот застој, во урината исто така се појавува и крварење, како и можност за бубрежно откажување. 

“Пациентите кои имаат тегоби мора да направат уролошки преглед, кој задолжително содржи и палпација на простатата. Потребен е и детален преглед на урината, а по потреба се прави и ултразвук на мочниот меур пред и по мокрењето. Кај лицата постари од 45 години е потребно да се направи и крвна слика” – објаснува Капун.

Лечење на зголемена простата

Лечењето започнува со промена на животните навики, како и диететски промени. Д-р Невен советува избегнување на зачинета храна, газирани пијалоци, алкохол, кафе и седење на ладно. Кај помладите пациенти кои се соочуваат со овој проблем, лечењето започнува на природен начин со билни препарати, како чај од врбовица или коприва.

“Билните препарати се препорачуваат на пациенти кои имаат помали тегоби. Основата на терапијата се состои од алфа блокатори, кои ги опуштаат мускулите на мочниот меур и простата и на тој начин се овозможува подобар уринарен млаз, како и 5-алфа дехидрогенази инхибитори кои овозможуваат подобро мокрење. Комбинацијата од овие два лека дава најдобри резултати” – вели урологот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk