Стив Џобс имал посебен начин да ја препознае вистинската личност која ќе работи за неговиот тим.
Неговиот „пивски тест“ бил единствен, а говорел многу за неговиот начин на размислување и вредностите кои ги барал во соработниците.
Како Џобс ја толкувал интелигенцијата и разбирањето на пошироката слика, станало познато во 1982 година кога на „Academy of Achievement“ говорел за тоа како пристапува на решавање на проблемите.
„Меморијата е важна. Но, важна е и можноста на согледување на пошироката слика, како да набљудувате град со 80 ката. И додека едни се обидуваат да сфатат како да дојдат од точка А до точка Б, читајќи ги глупавите мали мапи и карти, вие едноставно истото тоа го гледате пред себе“.
Џобс бил познат по тоа што од своите вработени барал врвни способности, но и специфичен начин на размислување. Неговите интервјуа за работа не личеле на обични разговори во канцеларија туку потсетувале на опуштени прошетки и искрени разговори.
Не се плашел да излезе од рамките на традиционалното, што било клуч на неговиот успех во наоѓањето на талентирани луѓе за својот тим.
За Џобс интервјуто не било само можност да постави стандардни прашања. Тој навистина сакал да ја запознае личноста пред себе, да го почувствува нејзиниот карактер и вредност.
Кандидатите не биле само потенцијално вработени, тие биле дел од нешто многу поголемо.
За време на тие разговори, Џобс често предложувал прошетка во текот на која настојувал да ги опушти кандидатите. Иако бил познат по тоа што не сакал формалности, бил многу прецизен во тоа што сака од своите вработени. И тоа вклучувало и необични прашања, како што се:
„Кога последен пат нешто си постигнал?“ или „Што правеше минатото лето?“.
Ниту едно прашање не било случајно. Сите тие имале цел да ги откријат начините на размислување на личноста, нејзините вредности кои не биле само вешти туку и страсни. Неговата филозофија била јасна:
„Открив дека кога ќе соберете доволно А-играчи, кога ќе поминете низ неверојатна работа на наоѓање на тие А-играчи, тие тогаш навистина ќе сакаат да работат едни со други затоа што никогаш немале можност така да работат“.
Неговиот „пивски тест“ всушност бил повеќе од обичен тест за кандидатите, тоа била филозофија која ѝ овозможила на компанијата „Apple“ да стане симбол за иновација и креативност.