Доколку не се дијагностицира на време, ваквиот тип на воспаление може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
За разлика од дијареата, стомачниот вирус или труењето со храна, воспаленото слепо црево се јавува многу поретко. Според истражувањата, само 5% од пациентите во текот на својот живот го доживуваат овој проблем со стомакот.
Во продолжение, Ви претставуваме пет најчести симптоми кои укажуваат на воспаление на слепото црево.
Силни болки во пределот на стомакот
Обично се јавуваат околу или над папокот. Болката, вообичаено е проследена со мачнина, гадење и повраќање и таа најчесто се локализира во долниот десен дел од стомакот.
Повраќање и губење апетит
Воспалението понекогаш влијае и на останатите делови од дигестивниот систем, а може да се јави во облик на повраќање, мачнини и губење на апетитот.
Ретка столица
До ова доаѓа, бидејќи кај некои луѓе слепото црево е пониско поставено во карлицата, блиску до мочниот меур. Покрај ретката столица, пациентот може да чувствува и постојана потреба од мокрење и болки при мокрењето.
Треска
Доколку се тресете и Ви студи, можно е да дошло до внатрешни инфекции. Телото реагира на овој начин, така што испраќа хемикалии во инфицираниот дел, што резултира со локализирана болка или покачена телесна температура.
Општа малаксаност
Доколку се чувствувате збунето и дезориентирано, тоа е знак дека инфекцијата навлегла во крвотокот.
“Доколку не се чувствувате добро, тоа значи дека инфекцијата напредува, поради што мозокот не добива доволно кислород за правилно функционирање”, вели д-р Ден Гинголд од Балтимор.