Голем број на луѓе преферираат затемнети стакла, бидејќи тие прават вашиот автомобил да добие спортски и луксузен изглед.
Затемнетите стакла исто така овозможуваат поголема приватност во автомобилот и нудат подобра заштита од сонцето, такашто, воопшто не се лош додаток. Нормално, мора да се трудите вашите стакла да не бидат премногу темни, бидејќи од естетска гледна точка, тоа нема да биде добро, а нема да биде ниту безбедно.
Законот вели дека стаклата на возилата смеат да бидат 30% потемни од фабричките, што значи дека морате да купите фолија која ќе ви овозможи такво затемнување.
За затемнување се користи специјална самолеплива фолија, која е проѕирна и која се лепи на стаклата од внатрешната страна. Ако мислите дека ова е работа за мајстори - се лажете, бидејќи многу е лесно да ја залепите. Треба само да бидете внимателни и да не брзате, тогаш сѐ ќе си дојде на свое место.
Погледнете го видеото подолу, кадешто јутјуберот Крис Фикс покажува како правилно се мести и се лепи фолијата за стаклото.