Вирален хит - ги покажала голите гради за да го прослави голот, а новинарот поради револт го напуштил студиото

Супермен

12/11/2019

13:04

4.991

Големина на фонт

а а а

Во текот на неодамнешната средба во 30-то коло на бразилската лига помеѓу Гремио и Интернационал во која домаќинот славел со резултат 2:0, вниманието го украла атрактивната русокоса која погодокот на екипата за која навивала го прославила со соблекување на маицата и покажување на голите гради.

Нејзиниот потег кој го снимиле навивачите од трибините станал вирален на социјалните мрежи каде што предизвикала различни реакции. Наскоро било откриено дека станува збор за моделот и ди џеј Maikelly Mühl која на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 630 илјади луѓе.

Русокосата во меѓувреме изјавила дека ги покажала своите голи гради само за да стане вирална што некои на социјалните мрежи строго го осудиле. Тие тврдат дека тоа е против борбата на поголемиот дел од жените за еднаквост, не само во фудбалот туку и во општеството.

Можеби сето тоа најмногу му пречело на коментаторот Родриго Адамс кој по признанието на русокосата девојка дека сето тоа го направила само за да привлече внимание, го напуштил студиото.

View this post on Instagram

Só orgulho ??? @gremio @gremistas_mtn

A post shared by Maikelly Mühl (@maikelly.muhl) on

Иначе, Maikelly е голема навивачка на Германија, што често го покажува на Инстаграм каде што знае да објави фотографии на кои позира полугола.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk