Одбил да услужи клиент без заштитна маска, добил 100.000 долари бакшиш

Супермен

01/07/2020

11:42

6.016

Големина на фонт

а а а

24-годишниот Ленин Гутјерес ја одработувал својата смена во “Старбакс” во Сан Диего, Калифорнија, кога во локалот влегла жена без маска, пренесува “NBC”.

Вработениот во “Старбакс” одбил да ја услужи бидејќи не носела заштитна маска, а по видео снимката од тој настан која била објавена на Фејсбук, Гутјерес добил речиси 100.000 долари дониран “бакшиш”. 

Гутјерес ја прашал дали има маска за лице, но пред да стигне да ѝ ги покаже правилата на компанијата која од купувачите бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и го снимала.


Откако незадоволната жена ја објавила снимката на социјалните мрежи, дошло до пресврт кој сигурно не го очекувала. Како што пренесува американската телевизија, на интернет се појавила “GoFundMe” кампања за Ленин на која било објавено и видеото, а корисниците биле замолени да донираат бакшиш за момчето.

На оваа страница, на која до денеска се собрани над 100.000 долари, исто така е наведено дека 100 отсто од парите ќе му бидат дадени на Гутјерес, за да може да го оствари својот сон и да стане професионален танчер.

Незадоволната клиентка го објавила видеото на својот Фејсбук профил на 22 јуни, а “NBC” додава дека разговарале со жената која вели дека поради ваквата случка добивала смртни закани од непознати луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk