Бегство од градскиот метеж: Приватен остров покрај Њујорк се продава за 2,5 милиони долари

Супермен

16/07/2020

15:10

1.440

Големина на фонт

а а а

Богатите Њујорчани сега имаат прилика да купат приватен остров во близина на нивниот дом...

Иако Њујорк е еден од најголемите градови на планетата, популацијата поголема од 8 милиони доведува до густо население и град кој полека, но сигурно станува тесен. Тоа ги тера Њујорчаните да бараат спас во околните градови и населби и да градат куќи со цел да се одвојат од метежот и вревата од Менхетен. 

Меѓутоа, поради своите работни места и семејство, многумина не можат да го напуштат овој град и мораат секогаш да бидат во негова непосредна близина.

Затоа, приватниот остров „Copps Island“ станува мета на многу богаташи кои сакаат да го купат за да можат да живеат одвоено од сите, но сепак близу до родниот град.


Островот се наоѓа на околу половина час бродско возење од пристаништето на Мехнетен и е со големина од 6 ари. На островот се наоѓа дрвена куќа која е направена во 1960 година и која поседува 3 спални соби, 2 купатила и прекрасна градина. Куќата е креирана во викторијански стил така што на многумина веднаш ќе им се допадне, но секако, постои и опција за комплетно реновирање ако сопствениците се одлучат на тоа.


Овој остров заедно со куќата е ставен на продажба со цена од 2,5 милиони долари, а голем број моќни луѓе веќе пројавиле интерес за купување на имотот. Останува само да почекаме и да видиме кој ќе биде новиот сопственик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk