Се наместиле, па ја вклучиле камерата, а потоа... Вака најдобриот напаѓач во Европа со сопругата ужива на јахта

Супермен

10/08/2020

17:03

4.064

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Лацио - Чиро Имобиле, по прекрасната сезона во која што освои „Златна копачка“ за најдобар голгетер на Европа, решил малку да се опушти.

Асот на римскиот клуб оваа сезона долго време ја предводел својата екипа во борбата за Скудето, но на крајот станало јасно дека пандемијата најмногу ги погоди ''небесно-сините''.

Лацио паузата во месец март ја дочека на второто место со еден поен помалку од лидерот Јувентус, а заврши како четврти, зад Интер и Атланта.

Поради прекрасната игра со 36 голови, Чиро го освои трофејот за најдобар стрелец во Италија, а за неговиот успех исто така заслужна е и неговата долгогодишна избраничка Џесика Мелена.

Тој со неа одлучил да ужива на јахта, и тоа со заеднички танц:

Џесика важи за една од најзгодните сопруги на фудбалерите, па не е ниту чудно тоа што таа е многу популарна - на социјалната мрежа Инстаграм ја следат речиси еден милион луѓе.

Тие двајца се запознале во 2012-та година, а две години подоцна се венчале.

Џесика и Чиро денес имаат три деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk