Балканска „бомба“ во ФК Барселона: Замената за Пике ќе биде Србин? Се спомнуваат 30 милиони евра...

Супермен

24/11/2020

16:43

1.904

Големина на фонт

а а а

Џерар Пике се здоби со повреда и постои можност да отсуствува од фудбалскиот терен во наредните шест месеци.

Тој секако дека ќе го пропушти натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите, кој што треба да се одржи на 8-ми декември, а како што стојат работите каталонскиот клуб веќе бара адекватна замена за својот стопер.

„Дон Балон“ пренесува дека изборот на екипата од стадионот „Камп Ноу“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Репрезентативецот на Србија ја одигра прекрасно оваа сезона и не е ни чудно што интересирањата за него од страна на шпанскиот гигант се разгледуваат наголемо.


Виола бара 30 милиони евра и не отстапува од таа бројка, па ќе видиме дали Барселона ќе ги исполни барањата на „виолетовите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk