Експертка открива: 3 пози во сексот кои најмногу ги разочаруваат жените

Супермен

26/02/2021

15:14

6.971

Големина на фонт

а а а

Експерт за секс и врски од САД открива кои три пози во сексот се најлоши за жените.

Д-р Емили Морс (50) од Мичиген, на социјалната мрежа Инстаграм споделила три пози во сексот за кои што мисли дека се многу полоши од тоа што за нив се зборува - особено за жените.


„Постојат некои активности во сексот кои што звучат многу позабавно отколку што во суштина се. Секако, во филмовите за возрасни можеби изгледаат добро, но во реалниот живот тоа не е така. Добриот секс е тој во кој што се чувствувате добро, а не само тој кој што изгледа добро. Секс сценаријата кои што делуваат забавно во теорија, во пракса знаат да бидат грозни, особено за жените, а тоа се: секс под туш, поза 69 и превртена каубојка“, напишала Морс.

Потоа таа ги прашала своите следбеници на социјалната мрежа дали се согласуваат со нејзиното мислење и дали постојат уште некои активности во сексот кои што треба да се додадат на нејзината листа.

Некои коментирале дека сексот на плажа е прилично грозен, додека пак други кажале дека сексот во базен и сексот во џакузи може да се најдат на листата.


Еден корисник додал дека најлошо му е кога некој сака да ги менува позите во сексот на секои 10 секунди.

Сепак, имало и такви жени кои што не се согласиле со мислењето на Емили:

„Мене превртена каубојка ми е одлична“, коментирала некоја корисничка, а друга додала дека ја сака поза 69, но и дека ужива во сексот под туш, пренесува „The Sun“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk