Видео: Бесниот Леброн ги исфрли навивачите кои го навредуваа, девојката си замина со интересна гестикулација

Супермен

25/11/2021

10:06

4.275

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс го натерал обезбедувањето во арената на Индијана да ги исфрли од салата двајцата навивачи кои седеле покрај теренот.

Инцидентот се случил на две и пол минути пред крајот на натпреварот во кој победија Лејкерс со резултат 124:116.

Леброн во еден момент почнал да зборува со судиите вперувајќи го прстот во двајцата навивачи покрај теренот.

По кратката дискусија повикано било обезбедување кое ги испратило двајцата млади навивачи од салата. Додека излегувале, девојката имитирала плач на бебе гледајќи право во Леброн.


Десеттина секунди пред да се обрати на судиите, Леброн го чувал Домантас Сабонис на само неколку метри од споменатите навивачи.

„Ништо не ми пречи, но постои разлика кога навиваш за својот тим, му свириш на противникот, не сакаш да биде успешен и кога ќе се премине границата на непристојни гестови и зборови кои никој не треба да ги толерира. Никогаш тоа не би го рекол ниту на играч ниту на навивач“, објаснил Џејмс.

Инаку, „Езерџиите“ го добија трилерот во кој се играа и дополнителни пет минути игра поради нерешениот исход во регуларниот дел. 

Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 39 поени, 5 скока и 6 асистенции. Расел Вестбрук го следеше со 20 поени, додека кај Индијана најефикасен беше Брогдон со 28 поени.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk